Достапни линкови

ДИК во рамки на седмата седница усвои неколку точки


Државната изборна комисија во рамки на денеска одржаната седма седница ги усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик и Одлуката за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на ДИК – буџетска програма 20. Членовите на Државната изборна комисија едногласно ја усвоија и процедурата за користење и обработка на лични податоци при вршење на вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција, како и Меморандумот за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопшти ДИК.

XS
SM
MD
LG