Достапни линкови

logo-print

Цензура на МИА или техничка грешка?


Државната новинска агенција МИА денеска објави вест за тоа дека поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски го добил случајот против Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур за неправедна лустрација, со назнака „не пуштај“.

Опозицискиот СДСМ реагира дека владината пропаганда почнала сама да се разоткрива и оти овој случај е „уште еден доказ дека медиумите, вклучувајќи ги и јавните медиумски сервиси се под тотална контрола на власта и дека е неопходна медиумска регулација“.

„Од државната агенција МИА се должни да им кажат на граѓаните под чиј налог требало да ја сокријат веста дека според Стразбур не се задоволени условите за правично судење на лустрираниот претседател на Уставниот суд Ивановски“, стои во соопштението на СДСМ.

МИА, пак, одговори дека се работи за техничка грешка.

„Технологијата на нашето работење е на вестите кои се во обработка да се стави назнака „не пуштај“, која стои сè до нивното конечно оформување. Таквата назнака се брише при објавувањето. Овој пат направен е превид и не е избришана назнаката и веста е ОБЈАВЕНА и ставена на интернет страницата на МИА и дистрибуирана до сите наши корисници. Пропустот е воочен по 2-3 минути и е коригиран. Значи, веста е ОБЈАВЕНА и не може да се зборува за цензура. Инаку, од каде СДСМ ќе го видеа тоа?!“, одговори МИА.

XS
SM
MD
LG