Достапни линкови

logo-print

Клуни ќе ја застапува Исмаилова во Стразбур


Хадија Исмаилов аи Амал Клуни.

Хадија Исмаилов аи Амал Клуни.

Затворената азербејџанска новинарка Хадија Исмаилова потврди дека ќе биде застапувана од активистката за човекови права Амал Клуни пред Европскиот суд за човекови права со Стразбур. Адвокатот на Исмаилова Фариз Намазли вели дека неговата клиентка одлучила да ја прифати понудата на Клуни поради храброста што ја покажала бранејќи го новинарот на Ал Џезира Мохамед Фахми, кој беше затворен во Египет, во 2014 година.

Амал Клуни е сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клуни. Таа застапуваше неколку познати луѓе во изминативе години, вклучувајќи го и основачот на Викиликс Џулијан Асанж, како и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Исмаилова беше осудена во септември минатата година на 7,5 години затвор. На затворањето се гледа како на одмазда за нејзините текстови за богатството на семејството на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

XS
SM
MD
LG