Достапни линкови

Повторно отворена границата за мигрантите


Денеска околу 11 часот повторно беше отворен дивиот премин на македонско-грчката граница кај каменот 59, при што најмалку 200 бегалци влегоа во Македонија. Претходно, околу 300 луѓе кои два дена беа заглавени во Гевгелија заминаа од прифатниот центар.

Од центарот за управување со кризи велат дека МВР ги известила за одлуката да се пропуштаат бегалците, во координација со останатите земји низ кои се одвива транзитот.

По информациите за затворањето на границата што се проширија претходните два дена, амбасадата на Словенија денеска демантира дека побарала од Македонија да ја затвори границата со Грција. Индикациите дека тоа сме го направиле, поради тешкотии во словенечката железничка мрежа се погрешни, се вели во демантот од словенечката амбасада испратен до медиумите. Амбасадата наведува дека железничкиот сообраќај во Словенија се одвива непрекинато, како и во претходните денови.

„На пругите нема, ниту имаше непланирани прекини во изминатите денови, кои би оневозможиле транспорт на возовите, а „Словенске железнице“ и понатаму обезбедуваат непречен транспорт на возовите со мигранти, како што е договорено со Министерството за внатрешни работи на Република Словенија“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG