Достапни линкови

Дванаесет мигранти се удавија во Егејското Море


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Дванаесет мигранти загинаа денеска во Егејското Море откако се преврте гумениот чамец со кој патувале од турскиот округ Измир до грчките острови, соопшти гувернерот на округот Измир, Мустафа Топрак. Меѓу загинатите има жени и деца. Во чамецот патувале меѓу 50 и 60 лица, меѓу кои и бегалци од Сирија. Екипи на турската крајбрежна стража во моментов извршуваат спасувачка операција со поддршка на хеликоптери. Досега се спасени 26 лица. Организаторите на патување се приведени и се испратени на сослушување во полициска станица во градот Фоча.

XS
SM
MD
LG