Достапни линкови

Хан доаѓа во Скопје во февруари


Еврокомесарот Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје наредниот месец. На својот официјален твитер профил, тој напиша дека ги поздравува првите чекори од опозицијата да останат вклучени во процесот и дека владејачките партии треба брзо да направат сериозни напори за избирачкиот список, Државната изборна комисија и реформите во медиумите.

„Конструктивната соработка од сите партии е единствениот начин да се обезбедат фер и демократски избори. Работата сега мора да се забрза. Ќе се вратам во Скопје во февруари да го разгледам напредокот во подготовките за изборите“, напиша Хан.

XS
SM
MD
LG