Достапни линкови

Стразбур - Ивановски лустриран во неправична постапка


Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

Со постапката на лустрација на поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, се прекршени членовите 6 и 8 од Европската конвенција за човекови права, пресуди Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Ивановски во Стразбур поднесе жалба во која беше наведено дека лустрациските постапки не биле фер и дека со нив му биле нарушени угледот и достоинството. Судот утврдил неправедност во постапката за лустрација и дека на Ивановски му било повредено правото на правично судење. Поради тоа, Македонија треба да му исплати оштета од 5.350 евра на Ивановски.

XS
SM
MD
LG