Достапни линкови

logo-print

Ќерката на Немцов смета дека убиството на татко ѝ не е расчистено


Жана Немцова.

Жана Немцова.

Ќерката на убиениот руски опозиционер Борис Немцов ги отфрли заклучоците на шефот на Рускиот истражен комитет за убиството на нејзиниот татко. Жана Немцова вели дека убиството на нејзиниот татко не е решено поради тоа што Истражниот комитет „не е заинтересиран за целосно решавање на случајот“. Шефот на Комитетот Александр Бастикин рече дека убиството на Немцов е целосно разрешено. Комитетот уапси петмина Чеченци за убиството на опозиционерот на 27 февруари минатата година. Подоцна, тие беа осудени за убиството. Семејството на Немцов смета дека атентатот мора да бил нареден од високо позиционирани руски претставници.

XS
SM
MD
LG