Достапни линкови

Спасовски и Ременски дадоа свечена изјава за министри


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска - Ременски - и двајцата од редовите на СДСМ денеска во Собранието дадоа свечена изјава како дел од преодната влада предводена од Емил Димитриев со мандат до изборите.

Потегот Спасовски и Ременски да дадат заклетва доаѓа по синоќешната одлука на Централниот Одбор на СДСМ, нивните министри да учествуваат во Владата до распуштањето на парламентот, односно 24 февруари, со ултиматум дотогаш да се корегира датумот за изборите. Доколку нема промена во датумот за избори, од СДСМ вчера посочија дека партијата дополнително ќе одлучува за нивното понатамошно учество во Владата и Собранието.

XS
SM
MD
LG