Достапни линкови

Нова планета зад Нептун?


Американските астрономи соопштија дека можеби откриле замена за Плутон како нова планета во Сончевиот систем. Научници од Калифорнискиот Институт за технологија во најновиот извештај наведуваат дека откриле деветта планета која е за 10 пати поголема од Земјата со орбита многу оддалечена од Нептун. Истите научници во 2006 година помогнаа во деградацијата на Плутон како деветта планета во Сончевиот систем.

XS
SM
MD
LG