Достапни линкови

Кери и Лавров со договор за преговорите за Сирија


Соединетите држави и Русија соопштија дека преговорите под медијаторство на меѓународната заедница меѓу сириската влада и опозициските групи би требало да почнат овој месец иако нема знак за договор кој ќе ја претставува опозицијата. „Немаме намера да ги одложуваме преговорите од јануари во февруари“, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со американскиот државен секретар Џон Кери. Преговорите треба да почнат на 25 овој месец. Вашингтон и Москва поддржуваат различни страни во конфликтот.

XS
SM
MD
LG