Достапни линкови

logo-print

СДСМ-Бојкот на 24 април и нов датум за избори


Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

СДСМ нема да учествува на изборите на 24 април, изјави вечерва лидерот на партијата Зоран Заев. По вечерашната средба на Централниот одбор на СДСМ, тој истакна дека заклучоците кои ги донеле се фер, регуларни и демократски избори за Македонија се императив, а не датмот на изборите. Според него, на Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку како што истакна Заев потребата за целосна реализација на Договорот од Пржино. Тој нагласи и дека квалитентна и кредибилна проверка на избирачкиот список не може да се направи за 40 дена, а без тоа нема регуларни избори. Нема фер и демократски избори без соодветна регулација на медиумите и создавање фер медиумски простор за сите политички партии со навремен ефект пред изборите, рече Заев.

„Демократска Македонија инсистира Договорот од Пржино да се спроведе во целост затоа што не постои негова алтернатива. Едностраната одлука на власта да го распушти Парламентот на 24 февруари и да оди на избори на 24 април без претходно исполнети услови за фер и демократски избори ја остваи СДСМ пред одлука со две опции да ги напушти државните институции или да ја даде шансата да се корегираат одлуките за датумот на изборите“.

Заев на крајот повтори дека остануваат посветени Договорот од Пржино да се исполни во целост и тие нема да бидат причина за неговото кршење. До пред распуштањето на Парламентот, нагласи дека даваат шанса да се корегираат одлуките за датумот на изборите за да може да се исполнат условите за фер, демократски и регуларни избори преку навремено прочистување на избирачкиот список и навремена регулација на изборите.

XS
SM
MD
LG