Достапни линкови

Шилегов:СДСМ нема да учествува на изборите


Централниот одбор на СДСМ, на кој се одлучува за следните чекори на партијата се уште трае, а портпаролот на партијата, Петре Шилегов за телевизијата Телма потврди дека СДСМ нема да учествува на предвремените парламентарни избори на 24 април.Тој исто така дополни дека за останатите одлуки, ќе мора да се почека членовите да ја завршат дискусијата за да се донесат заклучоците.

Според него спорни се две клучни прашања, за Избирачкиот список и за регулацијата на медиумите, објаснувајќи дека ова се прашања поради кои СДСМ смета дека нема услови за фер и демократски избори.

XS
SM
MD
LG