Достапни линкови

logo-print

Најмалку седум загинати во самоубиствен напад во Кабул


Најмалку седум луѓе загинаа во самоубиствен напад со автомобил-бомба врз минибус кој превезувал вработени во авганистанската Толо ТВ во близина на руската амбасада во Кабул. Неколкумина луѓе се повредени во експлозијата. Амбасадата соопшти дека нема повредено вработи во амбасадата. Зградата пред руската амбасада беше запалена во експлозијата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но талибанците го зголемија бројот на напади во Кабул и во другите поголеми градови во последните месеци. Минатата година талибанците ја прогласија Толо ТВ за легитимна „воена цел“.

XS
SM
MD
LG