Достапни линкови

Демонстрантите упаднаа во молдавскиот парламент


Гневни демонстранти упаднаа во молдавскиот парламент, откако закондавниот дом ја изгласа новата проевропска влада предводена од 49-годишниот Павел Филип. На снимките од Кишињев се гледаат демонстранти како веат молдавски знамиња на влезот во парламентот, а не се гледаат полициски сили.

Претходно, молдавскиот парламент ја изгласа новата влада, со што стави крај на неколкумесечната криза. За поддршка на владата гласаа 57 пратеници во 101-члениот парламент. Филип од 2011 година беше министер за телекомуникации.

Молдавија е во политичка криза од октомври минатата година кога владата беше соборена поради обвиненија за корупција.

Пред Парламентот, пак, се одржуваат протести на кои се бараат предвремени избори. Протестите ги организира проруската опозиција, но кон нив се приклучија и проевропски движења, кои сметаат дека новата влада, составена од истите партии како претходната, нема да престане со коруптивните практики на претходните влади.

XS
SM
MD
LG