Достапни линкови

Молдавија избра нова влада


Протести за предвремени парламентарни избори во Кишињев.

Протести за предвремени парламентарни избори во Кишињев.

Молдавскиот парламент денеска ја изгласа новата проевропска влада на чело со 49-годишниот член на владејачката Демократска партија, Павел Филип, со што стави крај на неколкумесечната криза. За поддршка на владата гласаа 57 пратеници во 101-члениот парламент. Филип од 2011 година беше министер за телекомуникации.

Молдавија е во политичка криза од октомври минатата година кога владата беше соборена поради обвиненија за корупција.

Во исто време се одржуваат протести на кои се бараат предвремени избори. Протестите ги организира проруската опозиција, но кон нив се приклучија и проевропски движења, кои сметаат дека новата влада, составена од истите партии како претходната, нема да престане со коруптивните практики на претходните влади.

XS
SM
MD
LG