Достапни линкови

logo-print

Ставрески: Ќе овозможиме колку што е потребно вработувања во ДИК


Владата преку Министерството за финансии ќе одобри вработувања во Државната изборна комисија онолку колку што ѝ се потребни и ќе помогне финансиски во сите сегменти во работењето на ДИК за да ѝ се помогне таа да ги заврши сите активности за организирање на парламентарните избори на 24 април.

Ова попладнево го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по работниот состанок меѓу Министерството за финансии и Државната изборна комисија, на кој биле разгледани сите аспекти во кои Владата и Министерството за финансии можат да помогнат за ефикасно работење на ДИК.

Тој посочи дека веќе е издадена согласност за 11 вработувања, а во следниот период, како што рече, ќе чекаат ДИК да ги заврши анализите околу тоа колку точно ќе им бидат потребни луѓе.

XS
SM
MD
LG