Достапни линкови

Петмина загинати во бомбашки напад во Кабул


Најмалку петмина луѓе загинале денеска во самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на руската амбасада во Кабул, јавуваат тамошните медиуми. Амбасадата соопшти дека нема повредено вработени во дипломатското претставништво. Зградата пред руската амбасада беше запалена во експлозијата. Засега никој не ја презеде одговорноста, но талибанците ги засилија нападите во Кабул и во другите големи градови во последните месеци.

XS
SM
MD
LG