Достапни линкови

Светски економски форум за мигрантите, исламизмот, нафтата...


Меѓународните бизнис и политички лидери се собраа денеска во швајцарскиот град Давос на почетокот на Светскиот економски форум. Тие треба да разговараат за критичните прашања со кои светот ќе се соочува во наредните неколку години, вклучително и за влијанието на мигрантската криза врз иднината на ЕУ, борбата против исламистичките екстремисти, глобалното затоплување и економските предизвици поврзани со падот на цените на нафтата и забавувањето на стапките на раст на Кина. Пред да замине во Давос, американскиот државен секретар Џон Кери во Цирих се сретна со неговиот руски колега Сергеј Лавров, каде што требаше да разговараат за ситуацијата во Украина и во Сирија.

XS
SM
MD
LG