Достапни линкови

ХРВ: Полицијата во Бугарија тепа и ограбува мигранти


Илустрација.

Илустрација.

Бугарските полицајци ги враќаат во Турција имигрантите и кандидатите за азил, често откако ќе им ги украдат личните предмети и ги подложуваат на насилство, соопшти денеска организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“.

Имигранти од Авганистан, Сирија и Ирак раскажале дека биле подложени на принудно враќање, ограбување, насилство и напади со полициски кучиња, покажува истражувањето на „Хјуман рајтс воч“, спроведено меѓу октомври и декември минатата година меѓу 45 бегалци во шест земји.

Според организацијата, имигрантите соопштиле за 59 случаи за насилно враќање од Бугарија во Турција меѓу март и ноември 2015, а 26 бегалци изјавиле дека биле тепани од полицијата или напаѓани од полициски кучиња.

XS
SM
MD
LG