Достапни линкови

Ахмети го повика СДСМ да учествува на избори на 24 април


Лидерот на ДУИ Али Ахмети, преку порака објавена на Фејсбук утринава, го повика СДСМ да го почитува договореното од Пржино и да учествува на избори на 24 април.

„Ја повикувам најголемата опозициска партија да остане посветена на реализацијата на преостанатите обврски од договорот, вклучувајќи го и учеството на изборите за кои заеднички се договоривме да бидат на 24 април, како и да не избрзуваат со важни одлуки за иднината на земјата. Како што веќе сум напоменал, најголемите партии сносат голема одговорност за државата и граѓаните, затоа треба да делуваат храбро во согласност со одговорноста и општото добро, ставајќи ги притоа партиските интереси настрана“, напиша Ахмети на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG