Достапни линкови

Бејли ги повика сите партии да учествуваат на изборите


Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ги повика сите партии и организации да учествуваат на изборите. Во денешната писмена изјава се наведува дека спроведувањето на договорот од Пржино е клучно за македонските евроинтеграции, кои САД ги поддржуваат. Бејли смета дека оставката на премиерот е важна пресвртница во тој процес, исто како и кредибилните избори.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела“, се наведува писмената изјава на амбасадорот Бејли.

XS
SM
MD
LG