Достапни линкови

Орав - Закани и негативна кампања против европските претставници


Го зголемивме обезбедувањето поради засилената кампања и заканите против европските претставници, рече денеска евроамбасадорот Аиво Орав на Седницата на собраниската комисија за европски прашања и националниот совет за евроинтеграции.

„Ние сме тука за да ви помогнеме, бидејќи вие сте земја-кандидат, но сега веќе започна негативна кампања против посредниците на ЕУ и на самиот комeсар Хан, како и против неговиот експерт во Скопје, Ванхауте. Дури и заканите се зголемени до таа точка што сме принудени да ги зголемиме мерките за безбедност“, изјави Аиво Орав.

XS
SM
MD
LG