Достапни линкови

Русија одложува слетување на Месечината за пет години


Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека плановите да испрати вселенско летало на Месечината се одложено од 2030 за 2035, поради „економската ситуација“. Москва планира да лансира супер тешка ракета од космодромот Восточни, кој во моментот се гради на Далечниот Исток. Сепак, проектот се соочува со многу обвинувања за корупција. Минатата година работниците штрајкуваа поради неисплатени плати, кои им беа платени откако лично му се пожалија на претседателот Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG