Достапни линкови

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со помош на три американски консултантски компании за сума од 278.500 американски долари месечно си го подобрува својот меѓународен имиџ.

Нова, трета американска консултантска компанија ангажирала ВМРО-ДПМНЕ во последниов месец. Според документите објавени на 8 јануари на системот за регистрација на странски соработници на американското Министерство за правда владејачката партија во декември ја ангажирала консултантската компанија Глобал Секјурити иноватив стратегис со два документа, едниот за сума од 35 илјади американски долари месечно, а другиот за сума од 140 илјади долари месечно. Двата се ефективни од први декември 2015 и ќе траат до 30 април годинава, месецот во кој се закажани и изборите во Македонија.

Договор на 35 илјади долари.

Договор на 35 илјади долари.

За првата, помала сума, како што се наведува во документите компанијата ќе обезбедува поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер и членовите на раководството со генерална поддршка на владата вклучувајќи и запознавање на претставниците на американската влада за позициите кои се преземаат од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, нивните планови за во иднина и нивното позиционирање во однос на американската влада.

На конкретното прашање во документот дали се испорачуваат работи поврзани со политичка активност во договорот се наведува - запознавање на владините претставници на Соединетите Американски Држави за напорите на ВМРО-ДПМНЕ за надградба и подобрување на односите меѓу Македонија и САД.

Договор на 140 илјади долари.

Договор на 140 илјади долари.

„ГСИС ќе ги ангажираа американската влада, ЕУ и другите партнерски држави за да ја опише посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон отворена влада, ефективно лидерство и ефективни менаџментски практики“, пишува во документот.

Во другиот текст во кој е наведена месечната сума од 140 илјади долари се наведува дека тие ќе ја советуваат и консултираат ВМРО-ДПМНЕ генерално за развој на политики во Македонија и исто така ќе овозможат развој на креативни стратегиски пристапи за менаџирање на бегалската криза.

Од ВМРО-ДПМНЕ за изворите на финансирањето на партијата упатуваат на завршната пресметка која што е објавена на партиската интернет страница.

„Практично ќе се фокусираме на безбедноста на границата и менаџирањето и развојот на најдобрите практики за протокот на мигрантите, одговор на хуманитарните загрижувања и поддршка на политиките за менаџирање на границите. ГСИС, исто така, за ВМРО-ДПМНЕ ќе развие план за борба против насилниот екстремизам и ќе помогне во надгледување во неговото спроведување во Македонија, како што е побарано”, се наведува во документот.

Инаку пред оваа компанија на американскиот регистар беа објавени документи според кои ВМРО-ДПМНЕ ги ангажирала Дешл груп за сума од 49.500 американски долари, а претходно и Њу партнерс за сума од 54 илјади американски долари. Ако се соберат овие суми всушност испаѓа дека владејачката партија на американските ПР компании им дава месечно 278.500 американски долари.

Договорот го потпишал генералниот секретар и актуелен премиер на Македонија Емил Димитриев.

Договорот го потпишал генералниот секретар и актуелен премиер на Македонија Емил Димитриев.

Од ВМРО-ДПМНЕ за изворите на финансирањето на партијата упатуваат на завршната пресметка која што е објавена на партиската интернет страница. Таму е објавен документ од 2014 година, според кој партијата имала приходи од речиси 238 милиони денари, а расходите биле околу 222 милиони денари. Најмногу пари добиле од донации односно околу 102 милиони денари, а потоа од членарини околу 62 милиони денари.

Според поранешниот антикорупционер, адвокатот Драган Малиновски партиите мора да бидат транспаретни за финансиите со кои располагаат и на што ги трошат.

„Таквиот принцип на транспаретност не е случаен токму поради можностите да во тој процес на финансирање на политичките партии произлезат некои ситуации на коуптивно работење, финансирање, прикривање средства итн“, вели Малиновски.

Инаку според Законот за финансирање на политички партии во Македонија тие покрај од членарина, од проценти од државниот буџет, може да се финансираат и преку донации, а како што се наведува, финансирањето мора да биде транспаретно, а секој граѓанин или член на политичката партија има право на еднаков пристап во увидот на финансирањето на политичката партија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG