Достапни линкови

Без консензус, тешко избори на 24-ти април


Навидум различни, но пораките на амбасадорите имаат иста суштина - еднакви шанси за сите партии на изборите. А доколку не се исполнат сите услови, може да се препорача да нема избори во април.

Реакциите на дел од амбасадорите и на еврокомесарот Јоханес Хан по распуштањето на парламентот и „бетонирањето“ на датумот за избори на 24 април на површина изгледаат како разногласие, но во суштина тие ја потковуваат идејата дека е потребен консензус и уверување дека се потребни еднакви шанси за фер избори, вели Миша Поповиќ од Институтот за демократија.

Доколку така ги гледаме работите, може да видиме дека амбасадите всушност сакаат да додадат доверба во тоа дека навистина доколку нема подобрување, во февруари ќе се нагласи дека консензус за учество на избори е императив на договорот, суштината на договорот, а не наметнување на интересите на едната страна врз другата страна.

„Доколку така ги гледаме работите, може да видиме дека амбасадите всушност сакаат да додадат доверба во тоа дека навистина доколку нема подобрување, во февруари ќе се нагласи дека консензус за учество на избори е императив на договорот, суштината на договорот, а не наметнување на интересите на едната страна врз другата страна“, вели Поповиќ.

Германската, британската и холандската амбасада во Македонија сметат дека договорот од Пржино треба целосно да се спроведе, но и дека остануваат уште многу работи да се завршат за одржување веродостојни избори, како и дека е потребно да се обезбедат исти шанси за сите партии.

Според она што досега беше објавено се очекува комесарот Хан во февруари да направи нови обиди за да ја убеди опозицијата да учествува на изборите и да изврши инспекција на пречистувањето на избирачкиот список, да се осигури дека опозицијата ќе има медиумски простор и дека ќе бидат исполнети сите предуслови за одржување на доверливи избори.

„Доколку не се исполнат условите, и доколку тоа Хан го констатира и експертите кои ќе работат на тоа прашање, тогаш веројатно е дека може да се создадат услови да се препорача да нема избори во април, мислам дека тоа е ова ехо кое вчера амбасадите го дадоа“, објаснува Поповиќ.

СДСМ веќе започна со тактитката на отпор, по одлуката за распуштање на Парламентот кое треба да стапи на сила од 24 февруари. Опозициските пратеници најавија дека денеска нема да учествуваат на закажаната пленарна седница, а вечерава на состанокот на Централниот партиски одбор ќе одлучуваат со каква стратегија ќе продолжат.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG