Достапни линкови

ИД го потврди убиството на Џихади Џон


Публикација поврзана со екстремистичката група Исламска држава ја потврди смртта на британскиот милитант познат како Џихади Џон кој се појави на неколку видео снимки на кои е прикажано обезглавување заложници. Во написот за Џихади Џон чие вистинско име е Мохамед Емвази се наведува дека тој бил убиен во ноември кога неговото возило било погодено во напад извршен со беспилотно летало во градот Рака.

XS
SM
MD
LG