Достапни линкови

Мустафа: нема дијалог со Србија додека ЕУ не ги укине визите


Косовскиот премиер Иса Мустафа нема да се сретне со српскиот колега Александар Вучиќ се додека ЕУ не ги укине визите за косовските граѓани, иако средбата меѓу двајцата премиери е планирана за крајот на месецов. Ова како што објави српската телевизија РТС, го изјавил советникот на косовскиот премиер, Бајрам Гецај, нагласувајќи дека тоа е ставот и на целата влада, која очекува претставниците на ЕУ да покажат разбирање. Тој нагласил дека косовските институции ги исполниле сите критериуми и препораки на Унијата за визна либерализација.

XS
SM
MD
LG