Достапни линкови

Во Женева средба меѓу Кери и Лавров


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Цирих ќе се состане со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тие, како што е најавено, ќе се обидат да постигнат компромис околу учеството на претставници на сириската опозиција во мировните преговори за крај на судирите во Сирија. Русија го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад, додека САД ги поддржуваат сириските бунтовници и бараат претседателот Асад да се повлече од функцијата. Предвидено е Кери да учествува и Светскиот економски форум во Давос.

XS
SM
MD
LG