Достапни линкови

Бавна гасификацијата на Куманово


Илустрација.

Илустрација.

Впечаток е дека гасификацијата на Куманово се одвива бавно, но надлежните велат дека интензитетот на градењето е тесно е поврзан со законската регулатива и проектирањето.

Иако Куманово интензивно започна со гасификацијата, се има впечаток дека процесот е забавен, а често пати јавноста забележува дека претпријатието не работи и дека десетината вработени се само партиски кадри. Драган Петровски директор на локалното ЈП „Куманово-гас“ го негира ова и вели дека примарната дејност на претпријатието е изградба на инфраструктурни објекти, поставување цевки, дистрибуција и снабдување со гас.

Претпријатието во изминатиот период има пуштено употребна мрежа околу три километри на која се приклучени 30-ина домаќинства. Имаме приклучено поголеми објекти, односно потрошувачи, како што се Основното училиште Кочо Рацин, средното училиште Перо Наков, ЕВН и неколку други.

„Претпријатието во изминатиот период има пуштено употребна мрежа околу три километри на која се приклучени 30-ина домаќинства. Имаме приклучено поголеми објекти, односно потрошувачи, како што се Основното училиште Кочо Рацин, средното училиште Перо Наков, ЕВН и неколку други“, вели тој.

Приклучок за едно домаќинство чини околу 800 евра со ДДВ, плаќањето е според потрошувачката, а според податокот за еден од зимските месеци домаќинство кое користело гас за затоплување на стотина квадрати, за готвење и санитарии, платило 2.300 денари.

Досега се изградени 16 километри гасоводна мрежа, а што се однесува до интензитетот на градењето, тесно е поврзано со законската регулатива и проектирањето, имено проект за инфраструктура, основни проекти и ревизија на тие проекти и проект за геодетски елаборати.

Дел од граѓаните не размислуваат за приклучување на гасоводната мрежа поради цената на приклучокот, дел се запознаени со предностите на природниот гас, а дел пак како воопшто да не чуле за гасификацијата, поради што сметаат дека тоа е далеку од нив.

„Тоа е добра работа, но ќе биде многу доцна.“

„Се затоплуваме со клима. Добро е. Не знам, не сме размислувале.“

„Ние сме сиромашна држава, кој тоа ќе го финансира.“

„До каде има гасовод?“

„Кога ќе дојде до нас, ќе се приклучиме. Можеби ќе е поевтино и почисто е. Еколошки подобро“, велат некои од запрашаните кумановци.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG