Достапни линкови

Варшавската четворка отворена за помош со миграциската криза


Разговаравме за соработка со земјите на Западниот Балкан (Македонија, Србија и Словенија) со чии претставници ќе разговараме и подоцна околу помошта, како на пример таа што веќе е испратена во форма на полиција, техничка или финансиска поддршка, како и останати потреби кои овие земји ќе ги побараат, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец на денешната прес конференција по состанокот на земјите на Вишеградската четворка во Прага.

Претставниците на В4 (Чешка, Полска, Словачка и Унгарија), како што нагласи Хованец, ги повикуваат земјите од западниот Балкан да се изјаснат со што може оваа година да им се помогне, јави дописникот на МИА.

Поради политичката состојба во земјава, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прекина престојот во Прага и најавеното учество на конференцијата на Вишеградската група. Наместо него, учество зедоа амбасадорот во Чешка, Паскал Стојчевски и претставник од Министерството за внатрешни работи на Македонија.

XS
SM
MD
LG