Достапни линкови

logo-print

Не само формално, туку целосно спроведување на Договорот од Пржино


Вилем Ваутер Пломп, холандски амбасадор во Македонија.

Вилем Ваутер Пломп, холандски амбасадор во Македонија.

Сите аспекти на договорот од Пржино треба да се испочитуваат и да се спроведат, а одржувањето на слободни, фер и инклузивни избори е еден од нив, се вели во изјавата на холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп по изборот на нова влада и најавата за избори за 24 април, на кои опозицијата рече дека нема да учествува.

„Суштината на овој политички договор или кој било договор не е во формалното исполнување, туку во вистинската посветеност и целосното спроведување на договорените реформи. Оттука, сите вклучени страни треба, без понатамошно одлагање, да работат заедно за да ги решат останатите прашања со цел да овозможат спроведување на веродостојни избори, со почитување на сите останати делови од договорот кој нуди долгорочно решение за политичката криза во Република Македонија“, се вели во писмената изјава на амбасадорот Пломп.

XS
SM
MD
LG