Достапни линкови

Разговори за евентуален мировен договор во Авганистан


Претставниците на четирите земји, кои се обидуваат да усогласат патоказ за евентуален мировен договор со талибанците во Авганистан, соопштија дека третата рунда од разговорите ќе се одржи на 6 февруари во Исламабад. Новата средба на дипломатите од Авганистан, Пакистан, САД и Кина беше најавена, откако завршија разговорите меѓу четирите земји вчера во Кабул. Во заедничката изјава по средбата се наведува дека е постигнат прогрес „кон иницирање мировни разговори со талибанските групи“, но не се соопштуваат други детали.

XS
SM
MD
LG