Достапни линкови

ЕУ и Полска, разбирање до кавга


Влошените односи на Полска со ЕУ се закана за безбедноста на земјата. Ова го оценуваат дел од полските аналитичари откако Брисел покрена истрага без преседан за тоа дали новата евроскептична влада ги прекршила демократските стандарди на Унијата со тоа што презедоа поголема контрола врз судството и медиумите.

На одлуката на Европската унија за истрага му претходеше писмо на првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс во кое бара од полската влада да ги имплементира европските правила во врска со Уставниот суд и со слободата на медиумите и изразувањето во земјата.

Лидерот на владејачката Партија на законот и правдата Јарослав Качински, кој, иако не е премиер, се верува дека е главниот креатор на политиката на најголемата членка на Унијата од источна Европа, ги отфрла надворешните критики.

Полската влада, предводена од премиерката Беата Шидло, се конфронтира со неколкумина еврокомесари.

Влегувајќи во конфликт со многу наши партнери во Унијата, всушност Полска ја влошува нејзината безбедносна ситуација. Затоа се прашувам дали ваквите акции се во прилог на поголема национална сигурност.

Тука е вклучено и писмото до Гинтер Етингер во кое се поставува прашањето за оценките за слободата на германските медиуми при што алудира и окупацијата на Полска од страна на нацистичка Германија во Втората светска војна.
„Некои од коментарите на политичарите од Европската унија што ги слушнав во изминативе денови се претерана реакција“, вели полскиот аналитичар Лукаш Липински, додавајќи:

„Но, јас добро го сфаќам фактот дека сме дел од Европската унија и како што полските политичари можат да зборуваат за она што се случува во другите земји, така треба да ги разбереме и критиките од Европската унија. Ние сме дел од истото политичко семејство“, вели тој.

И покрај повиците на полскиот претседател Анджеј Дуда за поголема регионална соработка во рамките на НАТО, владата по се изгледа почна да ги одвојува полските политички од воени интереси.

„Влегувајќи во конфликт со многу наши партнери во Унијата, всушност Полска ја влошува нејзината безбедносна ситуација. Затоа се прашувам дали ваквите акции се во прилог на поголема национална сигурност“, оценува Липински.

Со зголемено страхување од Русија по анексијата на Крим од Украина, Полска и Балтичките земји постојано бараат од НАТО да распореди поголем број војници на нивната територија, односно на источното крило на Алијансата.

Виктор Орбан и Јарослав Качински

Виктор Орбан и Јарослав Качински

Но, како што вели Липински, конфликтите се запишани во гените на Партијата на законот и правдата, мислејќи на претходниот пат кога оваа партија беше на власт од 2005 до 2007 година.

„Тешко е да се претстави оваа партија кога е на власт да не е во конфликт со некои институции и социјални групи“, вели тој.

Недоразбирањата со Полска доаѓаат во време кога Унијата е поделена како никогаш во досегашната нејзина шест децениска историја, главно и поради големиот мигрантски и бегалски бран.

Критичарите во Полска сметаат дека владата се угледува на унгарскиот премиер Виктор Орбан во поткопувањето на демократските стандарди во земјата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG