Достапни линкови

Полска бара повеќе НАТО војници во источна Европа


Анджеј Дуда

Анджеј Дуда

Полскиот претседател Анджеј Дуда побара од НАТО да распореди значителен број војници и опрема во источна Европа за да ја чуваат неговата земја и регионот од, како што изјави, „се поагресивната Русија“. Дуда за време на посетата на седиштето на НАТО во Брисел не прецизира за колкав број станува збор освен дека тој треба да биде доволен за да обезбеди сигурност на источното крило на Алијансата. „НАТО и сега има постојано воено присуство во регионот чиј дел е и Полска. Верувам дека по самитот во Варшава ќе видиме повеќе НАТО војници во Полска од порано“, рече генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Идниот самит на НАТО е закажан за јули годинава во Варшава.

XS
SM
MD
LG