Достапни линкови

УНХЦР: рамноправна распределба на сириските бегалци


Новиот шеф на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди изјави дека светот мора да најде поправедна формула за распределба на товарот на сириската криза, вклучувајќи и разместување на стотици илјади бегалци од прифатните центри во земјите на тој регион. Над четири милиони Сиријци побегнаа од земјата и повеќето од нив живеат во тешки услови во соседните држави како Јордан, Либија и Турција. УНХЦР се надева дека на донаторската конференција во февруари во Лондон ќе бидат собрани доволно пари за помош на бегалците. Во март во Женева е најавен меѓународен собир каде што треба да се разговора за сириските бегалци.

XS
SM
MD
LG