Достапни линкови

Парламентот се распушти, вечер се бира нова Влада


72 пратеници од вкупно 76 присутни вечерва гласаа за распуштање на Собранието. Шестмина пратеници беа воздржани. Пратениците гласаа за распуштање на Собранието, кое ќе важи од 24 февруари, за изборите да се одржат на 24 април. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и од ДУИ попладнево го доставија ваквиот предлог до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој по гласањето го констатираше распуштањетоп на Парламентот. Денеска во Собранието беше констатирана и оставката на премиерот Никола Груевски, по што пратениците од СДСМ ја напуштија собраниската сала. Вељановски најави седница во 22 часот за избор на нова Влада.

XS
SM
MD
LG