Достапни линкови

logo-print

СДСМ не оди на избори без слободни медиуми и прочистен избирачки список


Не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен избирачки список, потврди Извршниот одбор на СДСМ. На такви избори СДСМ нема да учествува, стои во соопштението на партијата.

„Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа. Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино. Согласно Договорот од Пржино регулацијата на медиумите требаше да заврши на крајот на август 2015 година. Дополнително, изборот на ДИК власта во заминување го кочеше цели 5 месеци за да не се прочисти Избирачкиот список“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Понатаму се наведува и дека СДСМ ќе продолжи да се бори за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што им стојат на располагање.

XS
SM
MD
LG