Достапни линкови

ЕП ќе го ратификува Договорот за стабилизација со Косово


Европскиот парламент в четврток ќе го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Косово и ЕУ, што е прв официјален чекор на Приштина на патот кон евроинтеграциите, соопшти ЕП.

Пратениците ќе разговараат за Договорот еден ден претходно, а в четврток ќе се гласа за документот. За да стапи во сила Договорот за стабилизација и асоцијација, потребно е да добие согласност од ЕП, се додава во соопштението.

Договорот, чија цел е зајакнување на политичкиот дијалог и трговија меѓу Унијата и Косово, е потпишан во октомври минатата година од високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, а косовското Собрание го ратификуваше во ноември.

XS
SM
MD
LG