Достапни линкови

logo-print

Груевски - Избори на 24 април


Партиите членки на Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ја прифатија одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април годинава. Како што изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата, Македонија мора да оди напред, граѓаните предолго се заложници на деструктивната политика на опозицијата.

„Нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината. Ова започнува со изборите на 24 април“, истакна Груевски, кој додаде дека многу години од денес, ќе кажеме дека ова беше денот кога заврши кризата.

Според него, ДИК и МВР, со кои моментно работи СДСМ, имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори.

XS
SM
MD
LG