Достапни линкови

Забрана за реформистите за изборите во Иран


Реформистот Хосеин Мараши.

Реформистот Хосеин Мараши.

Околу 60 отсто од кандидатурите за парламентарните избори во Иран наредниот месец се отфрлени од страна на Надзорната изборна комисија, а најголем дел одбиени кандидатури има кај реформистите, јавуваат тамошните медиумите. Портпаролот на Централната надзорна изборна комисија, Сиамак Рах-Пејк, денеска изјави дека се одобрени кандидатурите на само 4.700 од 12 илјади кандидати, што е околу 40 отсто. Комисијата утврдува кои од пријавените кандидати ги исполнуваат условите. Реформистичките партии протестираат против отфрлањето на кандидатурите. Реформистот Хосеин Мараши изјави дека околу 3.000 кандидатури на реформистите биле отфрлени, а биле прифатени само 30 кои ќе се борат за место во 290-члениот парламент. Во Техеран, од каде треба да се изберат 30 пратеници, се прифатени кандидатурите на само четворица реформисти.

XS
SM
MD
LG