Достапни линкови

Поради снегот делови во Романија и во Бугарија без струја


По обилните снежни врнежи, стотина градови во Романија и во Бугарија останаа без електрична енергија, а голем број училишта се затворени.

Романските пристаништа на Црно Море, меѓу кои и Констанца, денеска се затворени поради силниот ветер и обилните снежни врнежи за време на викендот. Во Букурешт и уште седум окрузи во југозападниот дел на Романија, затворени се училиштата.

И училиштата во североисточна Бугарија нема да работат во следните два дена.

XS
SM
MD
LG