Достапни линкови

Попоски за пречките за ЕУ, Коѕијас за мигрантите


Архивска фотографија.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Брисел се сретна со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас.

МНР соопшти дека за време на средбата се разговарало за надминување на долгогодишната блокада и почеток на преговори за членство на Македонија во ЕУ, отстранување на препреките на тој пат, вклучително и позитивните ефекти што тоа би ги имало врз напорите за надминување на наметнатиот спор за името.

Грчкото МНР, пак, соопшти дека двајцата министри разговарале за најновите случувања во врска со бегалците и мигрантите, последните настани во Македонија и за процесот за решавање на прашањето за името.

Средбата се одржала на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Брисел.

XS
SM
MD
LG