Достапни линкови

Оланд - Економска и социјална вонредна состојба во Франција


Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска прогласи, како што рече, „економска и социјална вонредна состојба“ во земјата, најавувајќи редефинирање на францускиот бизнис модел. Тој исто така најави план од две милијарди евра за стимулирање на вработувањата и фаќање чекор со динамичната светска економија. Сепак, мерките што ги предложи во неговиот говор пред бизнис лидерите во Париз се релативно скромни. Тие вклучуваат планови за обука на половина милион невработени, поголема употреба на знаењето во стопанството, како и помош за компаниите кои вработуваат млади работници. Холанд рече дека неговите планови „не ја ставаат под прашалник“ 35-часовната работна недела.

XS
SM
MD
LG