Достапни линкови

logo-print

Ерменија и Азербејџан го поздравија укинувањето на санкции против Иран


Двете ривалски кавкаски држави, Ерменија и Азербејџан, го поздравија укинувањето на меѓународните санкции против Иран.

Азербејџанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека спроведувањето на нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили „ќе даде дополнителен поттик за понатамошно развивање на заемно корисно партнерство“ меѓу Баку и „пријателскиот и добрососедски ирански народ“.

Ерменскиот министер за надворешни работи Едуард Налбандијан изјави дека „Ерменија е подготвена да ја продлабочи заемно корисната соработка со пријателски Иран“.

Меѓународната агенција за атомска енергија на 16 јануари објави дека Иран го исполнува својот дел од договорот, што доведе до укинување на санкциите од ОН, САД и ЕУ.

XS
SM
MD
LG