Достапни линкови

Дали Спасовски поднесе кривична против „Гисеке и Девриент“


ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да и соопшти на домашната и на меѓународната јавност дали поднесе кривична пријава против германската компанија „Гисеке и Девриент“ и за кое дело се товари.

Во денешното соопштение од ВМРО - ДПМНЕ се потсетува дека изминаа пет дена откако Спасовски и обзнани дека открил голем меѓународен криминал во кој е инволвирана германската компанија „Гисеке и Девриент“ со печатење на македонски возачки дозволи со двојни сериски броеви.

Доколку Спасовски опстојува на ставот дека открил криминал, ВМРО -ДПМНЕ сака да го предупреди да се откаже од намерите за формирање комисија која ќе ги уништи дупликат формулари. Тоа е уништување на доказен материјал без наредба од повисоките органи во случај кога нема ниту кривична пријава. Тоа е незаконски, предупредува партијата во денешното соопштение.

XS
SM
MD
LG