Достапни линкови

Во САД дебата на претседателските кандидати на демократите


Тројцата кандидати на Демократската партија за номинација за трката за претседател на САД во ноември годинава се сретнаа на последна дебата пред гласањето што почнува на 1 февруари во државата Ајова. Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон се судри со нејзиниот главен ривал сенаторот од Вермонт Берни Сандерс околу прашањата за здравствената реформа, контролата на оружјето и регулирањето на финансиските институции. На дебатата учествуваше и гувернерот од Мериленд Мартин О Мали, кој во анкетите заостанува зад првите двајца кандидати.

XS
SM
MD
LG