Достапни линкови

САД воведоа нови санкции против Иран


Соединетите држави воведоа нови санкции против ирански компании и поединци поврзани со програмата за балистички ракети на оваа земја. До ова доаѓа еден ден откако Вашингтон и ЕУ ги укинаа санкциите поврзани со иранската нуклеарна програма. Санкциите се воведени против петмина Иранци и мрежа на фирми со седишта во Обединетите Арапски Емирати и Кина, соопшти американското министерство за финансии. Во декември експерти на ОН објавија дека Техеран истрелал ракета со среден дострел со што ги прекрши санкциите со кои на Иран му се забранува да лансира ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

XS
SM
MD
LG