Достапни линкови

Протести во Молдавија


Илјадници луѓе излегоа на улиците во три одделни протести во главниот град на Молдавија, откако продолжи продлабочувањето на политичката криза во земјата.

Два протеста беа организирани од страна на про-руски партии, додека третиот се одржа од страна на организација за броба со корупција наречена Достоинството и вистината (ДА). До протестите дојде откако претседателот Николае Тимофти, пред два дена го номинираше министерот за технологија Павел Филип за следен премиер на земјата. Очекувањата се дека Филип ќе може да обезбеди мнозинство гласови во парламентот. Тој е член на Демократската партија, која е тесно поврзана со контроверзниот олигарх Влад Плахотник.

Претходно, Тимофти ја отфрли номинацијата на парламентот на Плахотник за премиер, велејќи дека неговото досие е извалкано со обвиненија за корупција.

Бизнисмен Ренато Усалти лидер на на про-руската „ Нашата партија“ и градоначалник на градот на Балти,вчера ги негираше тврдењата во провладините медиуми дека опозицијата и руските безбедносни сили планираат државен удар врз молдавската власт.

XS
SM
MD
LG