Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад врз политичар во Авганистан


Afghanistan -- Members of the Afghan security services arrives at the scene of an explosion and alleged attack in Kabul, December 11, 2015

Afghanistan -- Members of the Afghan security services arrives at the scene of an explosion and alleged attack in Kabul, December 11, 2015

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 15 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во зграда во која живеел истакнат локален политичар во градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан, соопштија авганистанските власти.

Тие велат дека бомбашот го активирал експлозивот што го носел на себе во влезот на станбениот комплекс во кој се наоѓа домот на членот на Советот на провинцијата Нангархан, Обаидулах Шинаври.

„ Бројот на жртвите најверојатно ќе расте, бидејќи на местото на настанот имало многу луѓе поради семејна прослава, стои во соопштнието. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG